HAL(Hybrid Assistive Limb) е роботски киборг оклоп кој на оној што го носи може во голема мера да му ја зголеми физичката сила. Погледнете го видеото на следната страна за да дознаете повеќе.
HAL(Hybrid Assistive Limb) е роботски киборг оклоп кој на оној што го носи може во голема мера да му ја зголеми физичката сила.
Креиран од CYBERDYNE односно од проф. Yoshiyuki Sankai од Јапонија,HAL е способен да ги детектира био-сигналите преку кожата откако ќе бидат испратени од нервниот систем до мускулите, кои потоа ги анализира компјутерски систем и ги преведува во движења. Во блиска иднина можеби овој роботски оклоп ќе можеме да го видиме како вообичаено помагало за тешки физички работи,но тој засега се користи само во Јапонија.
HAL се претпоставува да има намена во различни полиња како помагало за парализирани и хендикепирани лица,за тешка физичка работа,во фабрики,за спасување луѓе при природни катастрофи и други непогоди, како и во забавната индустрија. Натамошните подобрувања на овој прототип се насочени кон тоа тој да биде корисен во секојдневните активности на човекот како и за спасување животи при непогоди.
{youtube}ynL8BCXih8U{/youtube}