KIA пушта целосно автономен автомобил до 2030 година

Моделот за прв пат ќе биде претставен на технолошкиот саем CES во почетокот на следната година, каде бројни производители ќе покажат до каде стигнале со развојот на автономните проекти.

Истото ќе го стори и KIA, односно од страна на компанијата ќе биде лансиран моделот за кој веќе добиле дозвола за тестирање на прототипови низ Невада.


Корејците најавија дека веќе работат на тоа да понудат полу-автономен модел до 2020 година, а околу една деценија подоцна факт треба да биде и првиот целосно беспилотен автомобил на марката.


Како дел од планот, KIA и Hyundai ќе инвестираат над 2 милијарди долари.

Автоплус

- Реклама -