Kia лансира седан на основа на Hyundai Veloster

Јужнокорејскиот концерн Kia развива нов седан. Засега тој е познат како К4 и се знае дека ќе биде произведен врз основа на Hyundai Veloster. Моделот во прво време ќе биде наменет само за пазарите во Азија.

Во гамата на Kia, новиот седан К4 ќе заземе место меѓу K3 (Cerato) и K5 (Optima). Според димензиите автомобилот ќе биде сличен со Hyundai Veloster но сè уште не се знае дали ќе користи неговата асиметрична форма со 3 врати. За идниот модел Корејците засега планираат 1,6 литарски бензински мотор во две варијанти, со моќност од 140 и 180 КС.

Засега нема други детали, но едно е јасно дека со овој модел, Корејците ќе се обидат да добијат силовит настап не само на домашниот, туку и на најпривлечниот пазар во моментов – кинескиот.

Новиот седан ќе биде произведуван во мешаната компанија Dongfeng-Kia од 2014 година. Неговиот главен конкурент на пазарот во Кина се очекува да биде новиот „глобален“ седан Nissan Sylphy, чија премиера се одржа на саемот во Пекинг пролетва.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -