КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена безбедноста на северот на Косово

Приштина, 1 август 2022 (МИА) – НАТО оцени дека севкупната безбедносна ситуација на северот на Косово е тензична и дека воената алијанса е подготвена, во согласност со својот мандат, да интервенира доколку е загрозена стабилноста.

„Нашата мисија КФОР е целосно фокусирана да задржи безбедна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово“, се вели во соопштението на НАТО.

НАТО продолжува целосно да го поддржува процесот на нормализација меѓу Приштина и Белград преку дијалогот со посредство на ЕУ, кој тие го окарактеризираа како клучна работа за регионалниот мир и безбедност, пренесе Бета.

Прочитајте и:  Бауер: НАТО сојузниците, наместо сегашните 2%, во иднина ќе треба да инвестираат близу 3% од својот БДП во одбраната
- Реклама -