-На Мијалков и Камчев ќе им останат милијардите и бизнисте, на Мукоски тендерите, на Канческа гардеробата купена со државни пари, а нас надежта дека некогаш ќе имаме правна и праведна држава-ова го изјави новинарот Томислав Кежаровски кој веќе пет години чека од Врховен да се произнесе по неговата жалба.
Кежаровски посочува дека амнестираните лица за 27 април според ситуацијата се чесни а тој криминалец бидејќи веќе се неосудувани а тој е правосилно осуден.
Новинарот во статусот на Фејсбук додава дека судот е изгубен во ситуацијата и дека новинарите ќе ја тужат државата за настаните од крвавиот четврток.