Кетрин Зета Џонс: Љубоморна сум што маж ми се бакнуваше со Мет Дејмон

catherine650_021411035435

Прекрасната велшанка Кетрин Зета Џонс е љубоморна на својот сопруг бидејќи имал прилика да се бакнува со неговиот колега Мет Дејмон за време на снимањето на филмот „Либерачи“.

„Јас никогаш го немам бакнато Мет Дејмон. Ужасно сум љубоморна“, се пошегувала глумицата во текот на гостувањето на шоу програмата на комичарката Елен.

Ако веќе мора да се бакнува со други мажи, тогаш ми е драго што тоа беше Мет Дејмон, додала таа и попатно раскажала како нејзиниот сопруг секогаш ја подржувал се, па дури и кога снимала секси сцени со Бред Пит и Антонио Бандерас.

„Само ќе праша: Која сцена се снима денес?“ а јас ќе му одговорам, „денес сум во кревет со Бред Пит“. Тој само ќе се насмевне и ќе каже „Само напред!“, раскажала глумицата низ смеа.

- Реклама -