Кети Пери најплатена пејачка за 2015 година

Кети Пери успеа да ја надмине Тејлор Свифт и сите останати колеги и да биде прва на листата на најплатени музичари за 2015 година според магазинот „Форбс“. 

Со својата турнеја наречена „Prismatic“, со спонзорските договори и продажбата на албуми, Кети заработи неверојатни 135 милиони долари.

Katy-Perry-Forbes

Нејзината ривалка Тејлор Свифт, која за неколку дена ќе наполни 26 години, се наоѓа на четвртото место на најплатени музичари со заработени 80 милиони долари.

Не се сомневаме дека Тејлор може да го заземе првото место наредната година, со оглед на тоа што таа само што ја започна својата турнеја, а од само еден концерт заработува до 4 милиони долари.

 

- Реклама -