Мексиканска кујна: Кесадиљи со топено сирење

Лутото е добро затоа што го забрзува метаболизмот. Сепак, не претерувајте затоа што може да предизвикате проблеми со варењето на храната. Го спомнуваме лутото затоа што е заштитен знак на мексиканската кујна, а денеска ви предлагаме да подготвите вкусни кесадиљи.

Baked Bean Quesadillas

Состојки: 4 тортиљи, сирење што лесно се топи, свежи пиперки (зелени и црвени), шампињони, мала главица кромид, 2 чешниња лук, зејтин или путер, сол, мексиканси зачини по избор, чили, бибер

Подготовка: Исечете ги пиперките, лукот, кромидот и шампињоните. Измешајте ги и зачинете. Изрендајте го сирењето.

Секоја тортиља намачкајте ја само од едната страна со зејтин или растопен путер. Загрејте ја рерната и ставете ги тортиљите со намачканата страна одоздола на садот за печење. Кога малку ќе се згрејат и ќе се опуштат наредете го сирењето, смесата, па одозгора ставете друга тортиља така што намачканата страна со зејтин или путер да биде одозгора. Добро притиснете ја горната тортиља и оставете да се пече додека не порумени. Потоа внимателно свртете ја кесадиљата на другата страна. Печете додека не порумени.

Прочитајте и:  Благотворноста на свежото сирење

3 layer quesadilla_blog_1

Готовите кесадиљи ставете ги на чинија и исечете ги на четвртини.

Совет: Освен со горенавадените состојки, кесадиљите може да ги филувате со продукти по желба.

Добар апетит!

- Реклама -