Ќеса студена вода за да сте раат од муви

За да се ослободите од досадните муви во домот, на терасата, во викендицата, на одмор, се што ви треба е малку вода, коноп и ќеса за замрзнување. Трошоците се минимални, за разлика од оние што би ги имале ако купите хемиски средства, а згора е и безопасен, како за вас, така и за мувите. Сепак, тоа не значи дека е неефикасен.

Наполнете ја ќесата до половина со вода, ставете ја во замрзнувач за добро да се олади, а потоа врзете ја ќесата на најстратешкото место (на влезот преку кој доаѓаат мувите). Можете да ја закачите пред влезната врата, на терасата или каде и да е потребно, а уште подобро ако поставите ќеси со вода на два различни и најодалечени краја од просторијата каде престојувате. Посебно е добро да ја поставите над комодата каде што чувате дел од храната, или над трпезариската маса.

670px-Get-Rid-of-Flies-Step-4[1]

Звучи чудно, ама ова би требало да е доволно за ги чува мувите настрана. Мувите имаат комплексна структура на видот, па кога гледаат преку водата го перцепираат просторот како искривен. Тоа ги плаши и ги држи настрана од таквите места. Исто така, рефлексијата на водата ги потсетува и на отсјајот на пајаковата мрежа, која мувите природно се трудат да ја избегнуваат.

Трикот не е научно докажан, но е доста испробан.

- Реклама -