Еден странски сајт дошол до документот во кој што е откриено името на правата ќерка на Рајан Гослинг и Ева Мендез.
Парот минатата седмица доби бебе. Иако го криеа полот на детето, американските таблоиди дојдоа до изводот.
Бебето ќе се вика Есмералда Амада.
Ако се сетивте дека се инспирирани од мексиканската тв новела, ќе ве разочараме, бидејќи името е од ликот на „Ѕвонарот на богородичната црква“, додека Амада е лик кој што го играла Ева во „We Own The Night“.