Ќерката на Дино Дворник: Се обидоа да ме отрујат кога имав 11 години

Ела Дворник, ќерка на починатиот хрватски пејач Дино Дворник, објави писмо на својот Фејсбук профил, во кој ја „отвори“ душата и изнесе детали од своето детство.
Ела има 23 години. Моментално живее во Лондон каде е „скаут“ за музички таленти, но очигледно и понатаму тешко се справува со коментарите наменети на нејзина сметка, и на сметка на нејзиното семејство кои пристигнуваат од нејзината родна Хрватска.

Ella Dvornik (Foto: Facebook)

„Кога одев во основно училиште моите „пријатели“ мораа тајно да се дружат со мене бидејќи нивните родители не сакаа да бидам „лошо влијание“ на нивните деца. Им кажувале дека ние сме семејство на наркомани и дека јас пушам и пијам и се дрогирам, и дека „висам со сомнителни“ типови. Мене моите родители му дозволуваа да правам тоа што го сакам, но само под услов да им кажам се. Не го криев моето прво пијанство, првата цигара, првиот „џоинт“, ниту првиот дечко. Сите пиеја и пушеа додека јас играв Playstation со татко ми дома, а секогаш ја земав вината за другите“, пишува меѓу останатото Ела.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)

Таа признала дека никогаш навистина и немала вистински пријатели.

Screenshot_5

„Тие исти пријатели се обидоа и да ме отрујат со Domestos кога имав 11 години… Јас одлучив да не ги кажам бидејќи ми беа единствените „пријатели“. Јас за сите тогаш бев дете без иднина која ќе умре со игла во рака. Денес ги гледам истите тие „деца“, една останала бремена на 17 години и омажена бидејќи мајка ѝ кажала дека така треба, другата во заедница со години, трета побегнала од дома со дечкото без трага за неа…“.

Screenshot_6

Ела во писмото препорачала оние кои ги следат социјалните мрежи, а кои се во слична ситуација како што била таа, да не се осветуваат на другите туку да најдат сила и да им простат.

Инаку, неодамна прекина снимањето на документарниот филм за нејзиниот татко, како што тврди семејството Дворник спонзорите се повлекле со образложение дека не сакаат нивните пари да ги инвестираат во филм „за човек со наркоманско минато“.

- Реклама -