Често се случува познатите личности да бидат нападнати од своите фанови. Таква е ситуацијата и со Кери Вашингтон. Пред да се појави на шоуто „Good Morning America“ на црвениот тепих е нападната од една жена која упорно сакала да се слика со познатата актерка. Жената не прифаќала „не“ како одговор, па затоа и полицијата настапила на сцена и ја одвеле жената подалеку од Кери.
Кери иако била доста вознемирена, сепак се потруди за време на шоуто да изгледа смирено и насмеано.
Тоа е професионалност.