Кери Бредшо е минато: Сара Џ. Паркер високите штикли ги замени со удобни чевли

Навикнати сме да ја гледаме како се шета низ Њујорк со високи потпетици, но Сара Џесика Паркер на крај сфати дека високите штикли и работните обврски не идат заедно.

50 годишната глумица го отфрли ликот кој го глумеше во познатата серија „Сексот и градот“ и низ улиците на Њујорк се прошета со удобни чевли на мала штикла.

Sarah-Jessica-Parker-1

Поради ладното време таа на себе носи капут со крем боја, фармерки, црна ташна и природна шминка. Иако не изгледа гламурозно, сепак комбинацијата на Паркер е шик и опуштена и на неа одлично и стои.

Sarah-Jessica-Parker

 

 

- Реклама -