Брендот Victoria’s Secret секоја година прави скап градник, чија вредност се пресметува во милиони, а оваа година Кендис Свонепул е среќничката што ќе го претстави ова уникатно парче долна облека.
Градникот е рачно изработен со 18 каратно злато и рубини, а Кендис, 23, ќе го носи на главното шоу во Њујорк и во новиот каталог на VS. Таа открила дека и го облекувале со ракавици, а дека со него постојано одат и двајца телохранители. Ова уникатно парче долна облека, Royal Fantasy Bra and Belt, чини 10 милиони долари, а специјално е дизајнирано од Mouawad. На него се сошиени 4,200 скапоцени рубини, дијаманти и жолти сафири од целиот свет.
Во изминатите години верзии на Fantasy Bra носеа и Тајра Бенкс, Жизел Бундхен, Миранда Кер, Адриана Лима, Клаудија Шифер, Хајди Клум, а лани го носеше Алесандра Амбросио.