Познатата манекенка и реалити ѕвезда Кендал Џенер им помага на оние луѓе на кои помошта им е најпотребна.
Според странски медиуми Денот на багодарноста Кендал го поминала во автомобил возејќи се низ градот со својата пријателка како би направила некое добро дело.
Таа проба да се камуфлира носејќи големи очила за сонце за никој да не ја познае.
Сепак таа не остана неприметена, затоа што во друштво со пријателката, Кендал делеше храна на бездомниците. Папараците успеале да видат дека се работи за богато спремени топли сендвичи и сокови.