Кели Озборн: Моето тело не е совршено, но си го сакам

Таа долго време важеше за личност која нема воопшто самодоверба, но Кели Озборн во последните неколку години изгледа посамоуверено од кога и да било.

Ѕвездата со необична виолетова фризура сега зборува отворено за нејзината преобразба од дива реалити ѕвезда зависна од сите пороци, до модна икона која води грижа за сопствениот изглед со помош на здравите животни навики.

28-годишната водителка на „The Fashion Police“ во мајското издание на магазинот „Self“ откри дека и биле потребни 4 години за да ослабе 31 кг. Таа воедно додала дека со текот на годините сфатила дека не постои ништо совршено.

„Единственото нешто што можам да бидам сум јас самата. Не сум совршена. Правам грешки. Ниту моето тело не е совршено, но на мене ми се допаѓа.“

- Реклама -