Келер: Да ја искористиме моменталната форма и да го поминеме Галатасарај

Тренерот на Шалке, Јенс Келер има голема почит кон Галатасарај, но посакува добрата форма на неговите фудбалери да продлжи и на вечерашниот натпревар од Лигата на Шампионите.
Вечерва Шалке со поволен резултат (1-1) од првиот натпревар го пречекува Галатасарај.

Тимот на Келер е во одлична форма која кулминираше со победата во големото дерби против локалниот ривал Борусија Дортмунд.

„Во последно време прикажавме некои одлични перформанси и добрата форма треба да ја пренесеме на дуелот против Галатасарај. Сакаме да ја задржиме еуфоријата создадена од победите” – вели тренерот Јенс Келер.

„Галатасарај е многу добар тим без разлика што загубија изминатиот викенд во лигата. Лигата на Шампионите е поинакво натпреварување. Сигурен сум дека ќе одиграат многу добро”.

„Тоа што го загубивме Хунтелар ни ги отежнува работите, но во ваква ситуација сме биле и претходно. Не треба да се жалиме, тоа не е добро”.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

„Не одигравме добро само против Дортмунд. Во добра форма сме во изминатите пет натпревари. Имаме добар резултат од Истамбул, но не сме победиле со три-четири гола разлика за да се опуштиме”.

„Работевме долго и напорно за да ја стекнеме самодовербата која ја имаме”.

„Мислам дека никој нема да биде уморен по дербито со Борусија Дортмунд. Кога ќе излезат на арената и ќе ги слушнат фановите, ќе ја изгубат секоја смисла за умот”.

„Не смееме да се повлечеме. Галатасарај има многу квалитетен напад и се премногу опасни. Затоа не смееме да чекаме, треба да се обидеме да постигнеме гол”.

„Сигурен сум дека ќе има добра бројка на турски фанови на стадионот, па очекувам нашите фанови да креираат одлична атмосфера”.

 

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -