Кејтлин Џенер го собори светскиот рекорд на Твитер! За 4 часа собра 1,5 милиони фанови

Легендарната фотографка Ени Лиебовиц создаде едиторијал во домот на Кејтлин Џенер во Малибу.

Поранешниот олимпиец и најпознатиот член на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“, е подготвен да се претстави на јавноста како жена. Брус Џенер од сега ќе го викаме Кејтлин Џенер, а на својот нов Твитер профил објави фотографија на која се гледа неговиот нов изглед. Брус т.н. Кејтлин позираше за Vanity Fair и со тоа официјално објави дека стана жена.

Hitting back: Caitlyn Jenner - formerly Bruce - unveiled her female self for the first time on the cover of Vanity Fair on June 1 and had some harsh words for ex Kris Jenner too in a revealing accompanying interview

Со само два проценти од својот нов Твитер профил, Џенер го собори светскиот рекорд како личност која собра најмноу обожаватели во само четири часа. Претходниот рекорд го држеше претседателот Обама и актерот Роберт Дауни Џуниор.

Screenshot_4

„Викајте ме Кејтлин“, пишува на насловната страна на која гордо позира Кејтлин која до неодамна беше маж.

„Среќна сум што конечно по толку долга борба живеам како вистинската јас. Посакајте и добредојде на Кејтлин. Не можам да дочекам да ја запознаете неа/мене“, напишала таа на Твитер.

Screenshot_6

Џенер и семејството Кардашијан добија позитивни критики за отворениот пристап на трансексуалноста. Излегувањето на Брус во јавноста успеа да мотивира многу луѓе кои се борат со овој проблем.

Screenshot_7

Поранешниот олимпиец минатиот месец призна дека уште во 80-тите години сакал да го промени полот, но токму во тој момент ја запознал Крис Џенер (59), сега веќе негова поранешна сопруга, и се откажал од своите намери… до сега.

- Реклама -