Се чини дека на Кејти Пери и оди добро во животот. Се смири со саканото момче Џон Маер, кариерата и оди по нагорна линија, а вчера го промовираше и нејзиниот парфем „Killer Queen“ во една продавница во Белин. Но, она што ги остави во шок нејзините фанови беше облеката која таа ја носеше на самата промоција. Имено, старинскиот и необичен црно-црвен кариран костум и високите црни чорапи, ја правеа Кејти да изгледа како да е излезена од „Addams Family“. Бизарниот аутфит беше заокружен со црвен кармин и коса завиткана во плетенка. Вистинска модна утка!