Пејачката Кејти Пери и актерот Роберт Патинсон и понатаму се постојано заедно.
Гласините за тоа како тие двајца се впуштиле во романтична врска после неговото раскинување со Кристен Стјуарт, се појавија уште минатиот месец кога беа уловени заедно при едно ноќно излегување. Сега тие беа повторно „фатени“ заедно во Лос Анџелес, на концертот на Бјорк, а како што пренесува „The Sun“, Роберт останал во вилата на Кејти повеќе од една недела.
Наводно, новопечената двојка се заљубила откако Кејти, инаку пријателка на Кристен Стјуарт, поранешната девојка на Роберт, му послужила на изневерениот Роберт како рамо за плачење. И тоа како мошне атрактивно рамо за плачење.
„Тие двајца се навистина добри пријатели, а во последно време се почесто го минуваат времето заедно“, открил непознат извор.
Наводно, тие двајца планираат заедничко патување на Бахамите, во посета на нејзините пријатели.