Пејачката Kејти Пери, после раскинот со Џон Мaер, излегува со Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон. Странските медиуми веќе со месеци шпекулираат дека меѓу пејачката и актерот се случува нешто повеќе од обично дружење, а се чини дека Кејти тоа јасно го ставила на знаење и на неговата девојка Кристен. Во текот на една караоке журка, според пишувањата на магазинот „Стар“, Кејти се свртела кон Кристен и рекла: „Да знаеш, би била со Роб кога повторно би раскинале“.