Кејт Винслет ќе патува во вселената

Кејт Винслет доби мошне уникатен подарок од дедото на нејзиниот сопруг, односно лет до вселената во вредност од 200.000 долари, преку Virgin Galactic.

Актерката најпозната по улогата во филмот Титаник минатата недела се омажи со внукот на Ричард Бренсон, Нед Рокенрол, на тајна прослава во Њујорк. Сепак, дебелата сума што Бренсон ја плати не беше свадбен порадок, ниту, пак, имаше врска со тоа што неговиот внук работи во Virgin Galactic како директор на одделите за маркетинг и на тој за астрономски искуства.

Всушност, Бренсон решил да ја почести Винслет со овој мегаломански подарок откако таа ја спасила неговата 90-годишна мајка од пожар на неговото островско прибежиште, пишува The Sun.

Прочитајте и:  Меѓународната вселенска станица ќе биде урната во Точката Немо во Тихиот океан во 2030 година

Virgin Galactic би требало да почне со летови во вселената во текот на 2013 година. Меѓу останатите славни личности што се надеваат да поминат барем некое време во вселената се вбројуваат и Аштон Качер, Расел Бренд и Стивен Хокинг.

Летовите се очекува да траат околу два часа, а патниците ќе одлетаат 100 километри над земјината површина. [Kate Winslet Is Going Into Space]

- Реклама -