Војвотката од Кембриџ не држи никаква диета по породувањето, а малкуте килограми што ги доби во бременоста едноставно се стопиле.
На почетокот на неделата медиумите објавија фотографии со нејзината совршена линија. Само пет недели откако го роди принцот Џорџ, војвотката од Кембриџ е уловена како заминува од супермаркет шокирајќи го светот со неверојатно витката линија.
Us Weekly повикувајќи се на извор близок до кралското семејство тврди дека младата мајка не се ни обидела да ослабе. „Пет недели откако го роди Џорџ, никој не би рекол дека таа жена неодамна родила“, рекол изворот.
31-годишната Кејт изгледа совршено во тесните панталони и блузата со црно-бели пруги.
„Кејт се уште дои па и малкуте килограми што ги доби во бременоста едноставно ги стопи“, рекол изворот. „Не беше на диета, но по породувањето продолжи да вежба јога“.
Во текот на бременоста, Мидлтон често шеташе со кучето Луп и редовно со личниот тренер вежбаше јога.