Вчеравечер во Бекингемската палата се одржа свечен Дипломатски прием на кралицата. По тој повод Кејт Мидлтон ја носеше омилената тијара на принцезата Дијана.
Станува збор Lover’s Knot тијарата, парче накит изработен од дијаманти и бисери по дизајнот на кралицата Мери уште во далечната 1914-та.
Принцезата Дијана ја доби оваа тијара како свадбен подарок од кралицата, кое воедно и стана едно од омилените парчиња накит.