Не се чувствува добро и утеха побарала кај својата мајка…
Поради големите мачнини предизвикани од својата втора бременост, Кејт Мидлтон со принцот Џорџ накратко се преселила кај своите родители Керол и Мајкл Мидлтон. Кејт таму се чувствува многу порелаксирано и подобро отколку во палатата Кенсингтон.
„Многу е блиска со својата мајка Керол, а со неа е и дадилката Марија, па Кејт има помош која ѝ е потребна околу принцот Џорџ додека не се чувствува добро. Во родителската куќа Bucklebury може да биде опуштена“, рекол извор за Daily Mail.
Нејзината мајка се обидува да најде природни лекови и чаеви кои би можеле да ѝ помогнат на војвотката.