Кејт Бланшет посвои девојче

Талентираната австралиска актерка Кејт Бланшет посвои дете.

45-годишната ѕвезда стана мајка на девојче, лишено од родителска грижа , соопштија западните медиуми.

Бланшет и сопругот Ендрју Аптон кои веќе имаат три сина,  ќе се радуваат и на ќерката си Вивиен.

Претставниците на актерката ја потврдија веста за посвојувањето, а самата Бланшет била видена како го лула бебето на меѓународниот аеродром во Сиднеј, додека разговара со претставник на воздушна компанија.

Кејт Бланшет учествувала во многу филмски хитови, а оваа пролет ќе ја видиме во улогата на злобната маќеа во новата екранизација на „Пепелашка“.

 

- Реклама -