Кејси Хејнс, херојот на сите угнетени (видеа)

Кејси Хејнс, херојот на сите угнетени (видеа)
Пред 5-6 дена, се појави видеото во кое едно дете кое трпи сѐ и сешто, со години наназад, најпосле се решава да врати и буквално, го мава од земја детето што го задева. Иако речиси веднаш се направија бројни копии од видеото, сите мистериозно исчезнаа. Денес, веќе можеме да погледнеме и интервју со херојот, Кејси Хејнс од Австралија.

Претерано чувствителните корисници на YouTube направија сѐ што можеа за да ги отстранат видеата од сервисот, под изговор дека промовираат насилство меѓу младите. Откако на одговорните им беше посочено дека постојат илјадници видеа со тепачки, со деца кои се повредуваат и сл., видеата повторно се вратени.

Она што е различно е што сега го знаеме идентитетот на момчето, херој на сите угнетувани, каде било во светот. Кејси Хејнс од Австралија стана вистинска ѕвезда, откако илјадници луѓе започнаа да му упатуваат честитки за храброста која ја собрал, за најпосле да им се спротистави на насилниците. Славата му го донесе и првото телевизиско интервју за една австралиска телевизја, кое нормално, можете да го погледнете тука.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

Прв дел

{youtube}OpSl0fwh0w4{/youtube}

Втор дел

{youtube}yqQ9l-HQpHY{/youtube}

- Реклама -