Ако мислите дека „Kebab Connection“ звучи смешно за име на трилер или пак е налудничаво за еден акционен филм, тогаш не сте далеку. Во оваа Германска имигрантска комедија, протагонистот Ибо(Denis Moschitto) е млад човек со Турско потекло кој живее во Хамбург и неговиот сон е да го сними првиот Германски Кунг-Фу филм во историјата.

Додека е во потрага по финансиери за неговиот следен проект, тој се задоволува со снимање на кратки реклами за својот вујко Ахмет кој поседува Tурски ресторан наречен „Кралот на ќебапите“. Овие мали адвертајзинг ремек дела претставуваат плетка од различни националности, жанрови, емоции и фамилијарни конекции.
Строго ви препорачуваме да го изнајмите од најблиската ДВД-тека и да го погледнете.
Дотогаш, ви презентираме еден мал маркетиншки исечок од филмот. Веруваме дека не сте виделе поуникатна реклама за ќебапи од оваа.