Наташа Којиќ (30) долго време се забавува со 12 години постариот Аси Кајлс, со кого живее во Лос Анџелес.
Иако Наташа е среќно заљубена, против нивната врска се Игор и Кеба Којиќ.
– Наташа е многу храбра во својата одлука да се бори за љубовта. Таа го одбра момчето намсето да го послуша семејството и тогаш почнаа проблемите во односот со братот и таткото- објаснува извор близок на семејството.
– Кога Кеба беше во Америка, за време на турнејата, тој не сакаше ниту да го запознае идниот зет, додека Игор контактираше некои луѓе кои живеат во Лос Анџелес и се дружат со Наташа, и ги молел да се обидат да влијаат на неа и да ја вразумат и да го остави тоа момче. Но, сето тоа беше залудно, бидејќи младата пејачка е многу заљубена. Ниту кога престанаа да и праќаат пари, не се откажа од својот дечко, кој е прекрасна личност и многу талентиран музичар. Тие двајца совршено се согласуваат и никогаш не се расправаат, а веќе се 4 години во врска- изјави избор близок на семејството Којиќ.