На Кеба баш му тргна во последно време.
Освен што е под будното око на јавноста поради секси снаата Северина, сега ќе биде во жирито на една од најпопуларните емисии во регионот.
Кој е подобар за оценување на стилот на натпреварувачите од познатиот естраден метросексуалец Драган Којиќ Кеба, кого сопругата Оља го облекува по последната мода.
Се шпекулираше дека кавгите меѓу директорот на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ и членот на жирито на „Гранд ѕвезди“ Зорица Брунцлик биле изрежирани поради постигнување на рејтингот на шоуто, по завршувањето на соработката очигледно е дека тензиите беа вистински.
Зорица повеќе не сака да биде дел од жирито, а како што пишуваат српските медиуми, неа ќе ја замени Драган Којиќ Кеба.