На интеренет просторот одамна циркулираат гласини за заживување на култното Porsche 928. Но, дали навистина ќе дојде до тоа и дали тоа е замислата за Panamera Coupe?
Класичното Gran Turismo со 2+2 места и дизајн на Волфганг Миобиус станува автомобил на годината во 1978 година, но не успеа никогаш да се ослободи од прекарот „автомобил за сводници“ што го доби во почетокот на 80-тите години на минатиот век. Како и да е со своето присуство на негативен или позитивен начин ја разбранува автомобилската јавност во свое време.
Сега се почесто се споменува двовратна варијанта на Panamera, која е можен наследник на 928-ката. Луксузното купе со лоциран мотор напред треба само да се прости со еден пар врати и во целост ќе одговара на дефиницијата за таков тип на каросерии, која во последните неколку години беше тотално нејасна, токму по вина на модели како најголемото Porsche.
Треба да се признае дека создавањето на ова остварување би имало шанси за успех против големите GT-изведби на BMW и Mercedes-Benz, било да е тоа и како наследник на 928-ката.