Ќе ти кажеме ние тебе „без глутен“

Секој си има свои каприци. Јунајтед Ерлајнс, на пример, насила ги вадат патниците кога ќе пребукираат. Јапонската Ол Нипон Ервејс, пак, не се замара што ќе јадете ако сте алергични на глутен.

На еден таков патник – Мартин Павелк од Лондон, кој побарал оброк без глутен, му донеле банана (со налепница „Gluten Free“), сол и прибор за јадење. Зборуваме за летот од Токио до Сиднеј – лет што трае 9 часа.

„Останатите патници добија нормален доручек – јајца и кобасици, печурки, леб и јогурт“, раскажа Павелк, истакнувајќи го очигледното: дека бананата секако не била доволна за да го засити во текот на долгиот лет.

Најинтересниот дел од неговата приказна, сепак, се другите патници кои му се смееле кога му се пожалил на персоналот.

- Реклама -