Ќе се врати ли Мукоски во ВМРО-ДПМНЕ?

Понеделничката средба меѓу лидерот на опозицијата и осумте пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, одржана со цел да се дискутира околу иднината на СЈО, доби неочекуван заплет откако Христијан Мицкоски им ја подотвори вратата за нивно враќање во партијата, пишува „Независен“.

Пратениците од независната пратеничка група велат дека на средбата, а ни претходно, воопшто не се зборувало за нивно враќање во партијата. Сепак, еден ден подоцна, Мицкоски одби да биде „несериозен“ и да ја отфрли таквата можност:

„Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Апсолутно е можно, би бил несериозен ако речам дека тоа не е можно“, вели тој.

Пратеникот Крсто Мукоски, како и останатите негови колеги од независната пратеничка група, е изненаден и вели дека не очекувал таква (индиректно) понуда.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

„Искрено, не сум размислувал за мое враќање во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа не можам да го коментирам ставот на Мицкоски“, вели тој за „Независен“.

И останатите „независни“ пратеници не сакаат да коментираат пред да падне, евентуално, и официјална понуда за враќање“.

„Не се согласуваме со дел од политиките на актуелното раководство. Но, реално, за сиве овие месеци, во ниту еден момент не се откажавме од идејата за ВМРО, тоа е нашата матична партија“, велат дел од нив.

Очигледно е дека тие не се имуни на зборовите на лидерот на нивната матична партија и ВМРО никогаш не излегло од нив, констатира „Независен“.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

 

- Реклама -