Ќе се умира полека!

„Смисли му на човек добра причина да се плаши за својот живот и тогаш не го интересира ништо друго, освен животот. На таков човек од офсајд можеш да му протнеш што сакаш…“
Пишува: Сашо Тасевски
Објавено на 7 декември 2018 година, во неделникот „Фокус“ – број 1209

Кога е живот во прашање, сето останато е грашок и боранија. И промената на името и ретуширањето на историјата што ќе следи, СЈО и неговите случаи, притворите и бегствата на неговите ѕвезди, понижувањата од меѓународниот фактор, снижувањето во црниот петок, блузоните од дваесет илјади денари и чевлите од илјада евра, мислењата на приглупите телевизиски модни стилисти, лошиот стандард, невидливите, но големи поскапувања кои ќе ги видиш само на касата во Тинекс, извршителите и нотарите, светците и славите, изборите за маж на годината, спортист на годината, мис на годината, прасе за Нова година… Сѐ е тоа гола вода, без смисла и значење, кога за животот се работи.

ШУГА-НАЛЕПНИЦА

Изгледа ќе се умира полека. Доста беше и ваков живот. Сите зборуваат за загадувањето во Скопје како од некоја дистописка сф-приказна, кога кај граѓаните што се препуштени сами на себе во справувањето со тоа загадување, почнуваат да им растат жабри како очаен одговор на имунолошкиот систем, а потоа полека се видоизменуваат во водоземци.

Жаби, гуштери и други влекачи кои во обид да се спасат нурнуваат во вода за да не дишат надвор. Иако и така немаат многу шанси, зашто нема ни кај да нурнат, освен во Вардар и во скопската канализација, што му доаѓа исто.

Е, ко ќе стигнеме во фаза на бубашваби, ни куршум ќе нѐ дупи, ни радијација. Тогаш комотно нека се разлупаат со нуклеарки Путин, Трамп, косоокине, Пакистан, Индија, Иран и Израел, ќе им фаќаме невиден сеир од некој одвод или канализација: Ај дишете сега со полни гради, мамето ваше!

Ќе ставаат еколошки налепници на коли. Оние што возат полнолетни коли ќе добијат налепница ко оние што им ги лепеа на Евреите пред осумдесет години, така што тие коли нема да имаат пристап на улица секогаш кога ќе им прдне од ауспухот. Во денови за кои Светите Државни и Градски Институции ќе проценат дека се загадени, овие коли ќе мора да си останат дома, на паркинг.

Текстот продолжува на „Фокус.мк“.

- Реклама -