Ќе се тестира првиот прототип за чистење на океаните од пластика

the-ocean-clean-up1160_1024x1024[1]

Модерните океани се загадени со милиони тони пластика, која убива голем дел од живиот свет и ја оштетува животната околина. Ова е проблем на кој мора да се делува, а холандската компанија Ocean Cleanup е првата што е на пат да најде практично решение од голем размер. Неделава го претставија нивниот прв функционален прототип наменет за чистење на океанот, а првиот практичен тест ќе го има на 23 километри од холандскиот брег, во Северното море, каде што ќе биде инсталиран веќе во следниве неколку дена.

Се работи за 100 метри долг сегмент од револуционерна бариера во вид на кабел, кој ќе помогне да се процени издржливоста на системот. Вградените сензори ќе го следат секое движење на бариерата, но и на пластичниот отпад што ќе го собере, сé со цел да се создаде систем кој е целосно отпорен на суровите услови при чистењето на таканаречениот Great Pacific Garbage Patch (куп насобрано пластично ѓубре во Атлантскиот океан).

cleanup

Навидум бариерата изгледа како обичен кабел/јаже, но не е така. Најголемиот предизвик е во тоа совршено да ги следи брановите т.е. совршено да плови на површината, каде што плута пластиката – не смее да потоне, ниту да е над водата, бидејќи така пластичниот отпад ќе минува низ бариерата. Затоа, прототипот на Ocean Cleanup мора да е екстремно многу флексибилен, а издржлив, особено со оглед на тоа што се работи за проект од голем размер и се стреми кон поставување на бариери долги и по стотина километри.

Видеово ќе објасни многу повеќе отколку зборовите:

Извршниот директор Бојан Слат имал само 16 години кога ја добил идејата да ја основа компанијата, откако при едно нуркачко искуство налетал на повеќе пластични ќеси отколку риби. Нема простор за дебати; пластичниот отпад е голем проблем кој продолжува да биде во подем, а покрај големите штети по живиот свет, веќе ѝ штети и на риболовната индустрија.

Двајцата главни поддржувачи се холандската влада и светски реномираната компанија Royal Boskalis Westminster N.V. Овој прототип ќе биде првата имплементирана и тестирана направа за чистење на океанот. Ќе остане во Северното Море цела една година, по што тимот ќе ја проценува ефективноста и ќе работи на усовршување на системот.

„Ocean Cleanup е инспиративен пример за тоа како можеме да се избориме со растечкиот проблем на загадување на океаните. Се надевак дека со помош на холанската влада, прототипот на Бојан ќе се покаже како успешно решение за чистење на океанските струи. Ова е клучно за да се спречи перманентната штета врз околината и морскиот жив свет, заради деградацијата и фрагментацијата на пластичните отпадни материјали“, рече холандскиот премиер.

Еве го, човекот со планот.
Еве го, човекот со планот.
- Реклама -