По најавата дека завршува „House of Cards“, „Нетфликс“ одлучија дека продолжуваат со најмалку еден спин-оф на серијата.
Во меѓувреме, се појавија информации дека нема да се снима ниту шестата сезона, по бурните реакции за сексуалните скандали поврзани со минатото на Кевин Спејси.
Но, според информациите на светските медиуми, „Нетфликс“ веќе планира да сними спин-оф серија посветена на Даг Стемпер, шефот на кабинетот на Френк Андервуд.
Исто така, се најавуваат и повеќе слични проекти, посветени на ликови и настани од оригиналната серија.