Американскиот хард рок бенд „Guns’n’Roses“ наскоро ќе се најде на големото платно, открил ко-авторот на нивната биографија „Reckless road“, објавена во 2008 година.
Марк Кантер на форумот посветен на „GNR“ напишал дека филмот ќе биде сниман според книгата.
– Ги продадовме правата за снимање на филмот според книгата, и тоа на луѓето кои ќе ја направат вистинската работа. Јас само ќе се прашувам за сценариото кое за сега изгледа „кул“. Ние ќе се обидеме актерската екипа да биде одлична и верно да го прикаже бендот. Бидејќи присуствував на поголем дел од настаните во книгата, мислам дека добро ќе ја направиме работата- напишал Кантер.
Тој не открил кое режисер ќе го снима филмот, но рекол дека откривањето на неговото име ќе ги воодушеви обожавателите.
На почетокот на оваа година, „GNR“ објавија 3D филм од нивните концерти кои е прикажуван во американските кина, пренесува Mondo.
Гитаристот Ричард Фортус, исто така, најави дека следната година ќе издаде нов албум.