Се разгледува можноста за заштеда на електрична енергија преку останување на летното сметање на времето

Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, информираше вечерва владината прес-служба по 88. седница на владиниот кабинет.

На владината седница се усвоени и нов сет антикризни мерки во вредност од 350 милиони евра за ублажување на енергетската криза и ценовниот притисок, како и План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст со политики, препораки, мерки и индикатори.

Прочитајте и:  Митева: Најавеното покачување во образованието се реализира, октомвриската плата е зголемена за 5%, продолжува растот на платите до минимум 46%
- Реклама -