Ќе се прости ли Антоан Гризман од фудбалот?

Француската фудбалска ѕвезда твитна фотографија на која е маскиран во црнец, облечен во дресот на Харлем Глоубтротерс од 80-тите.

Како што е обичај тоа на интернет, Гризман со овој твит практично ја отвори Пандорината кутија. Речиси во истата секунда го нападнаа со безброј коментари дека е расист и дека треба под итно да ја избрише фотографијата.

Дел од коментарите:

Нашиот омилен:

„Ако се прашувате како ова на Антоан Гризман е расизам, тогаш вие сте дел од проблемот. Кежуал расизмот сé уште преовладува во општеството, и таа слика на Гризман е доказ за тоа. Дали е намерно или не, е ирелевантно“, вели некојси Лук Фоли, белец, од Австралија…

Океј, иако сме дел од проблемот, ајде да објасниме. Американците (барем тие на интернет) имаат проблем со „Blackface“.

„Blackface“ е специфичниот начин на маскирање во театарот и киното од 1980-тите, кој бил користен од бели актери за да играат ликови со црна боја на кожата. Дури и без да навлегуваме и да ја познаваме историјата на Blackface, океј е, видливо е зошто од денешен аспект би бил навредлив за црните луѓе – ги претставува сите црнци во еден универзален стереотипен лик (демек: сите ми се исти).

Другиот проблем на Американците се вика „контекст“. На интернет тоа им е непознат поим, па затоа сé црно што ќе заврши на бело лице го толкуваат како да е „Blackface“. Тоа произлегува од нивната неможност да сфатат дека нивната црноропска историја не може да му се припише и на целиот останат свет подеднакво, како и дека интернет не е САД, туку го делат сите светски култури.

Дури и самиот Антоан Гризман првично „покажа заби“. Рече дека правел тематска забава за ’80-ти, и дека ова неговото е знак на почит. Парафразирано, порача вака:

„Ај оладете. Јас сум голем фан на Харлем Глоубтротерс и целата таа ера. Ова не е расизам, туку трибјут“.

Мислите дека тоа ги смири страстите кај Навредените? Секако дека не. Напротив…

Да играше Гризман во некој американски клуб, ќе го шутнеа по кратка постапка. Вака во Европа, со толкава голема парична вредност и талент, е прилично безбеден… Но само до моментот додека и Навредените од Европа не се накотат во доволен број за некој таму да реши дека репутацијата на Гризман (или некој друг) е штетна за бизнисот на клубот (кој и да е клубот).

Мислите дека претеруваме? Гризман на крајот го избриша твитот и го направи најлошото: рече дека тоа било несмасна реакција и се извини што некого навредил. Па сега вие видете.

Од друга страна, сé уште има троа разум по интернет.

„Гризман расист? Најдобар пријател му е Погба. Соиграчите му се црни. Се облекува како кошаркарски херои. Некогаш треба да го погледнеме и контекстот. Бидејќи и јас се облекувам како Дедо Мраз/Дракула/итн., што не е дискриминаторно во ниту една смисла. И јас сум црн и сум Јужноафриканец. ЗНАМ што е расизам. Ова не е.“

 

 

- Реклама -