Ќе се отстранува уште една од галиите во Вардар

По налог на градоначалникот Петре Шилегов, кој во моментов сѐ уште е на домашно лекување откако пред десетина дена му беше потврден КОВИД-19, раскинат е договорот за галијата „Среќа“ во реката Вардар, онаа кај хотелот „Холидеј ин“, објави „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Договорот со фирмата „Сервис АД“ е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци, што е еден месец подолго од условот што овозможува активирање на банкарската гаранција и раскинување на договорот.

 

„Со тоа, уште еден брод од трите кои ги постави минатото раководство на Градот, а се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави, ќе биде отстранет“, велат за СДК од кабинетот на Шилегов.

Претходно, на 9 март, Шилегов соопшти раскинување на договорот и отстранување на галијата кај МЕПСО. Четири месеци подоцна, бродот сѐ уште стои на истото место. Повеќе за причините, ТУКА.

- Реклама -