Во Апелациониот суд денеска ќе се одржи јавна седница на којашто ќе биде донесена одлука дали снимките од Јутјуб ќе бидат користени како докази во случајот „Поткуп“.
Првообвинет во овој случај е актуелниот премиер на Македонија, Зоран Заев. Во исто време во Кривичниот суд е закажано рочиште по овој предмет.
Одбраната на Зоран Заев претходно побара овие снимки да не се користат како докази, додека пак премиерот смета дека треба да биде објавена целосната снимка, а не само извадокот што протече на интернет.