Јапонската градежна компанија “Шимизу” претстави план за “пловечки град-балон”, кој се спушта по спирална оска до дното на океанот.
На површината во сфера од бетон и транспарентни материјали со дијаметар од 500 метри ќе можат да живеат и работат 5.000 лица. Во него ќе има станбени комплекси, хотели, деловни згради, комерцијални и рекреативни центри, истражувачки институти. Над површината ќе биде само една десетина од сферата.
Незапирливата оска ќе биде 15-километарски пат кој води кон зграда на дното на океанот. Таму може да има претпријатие за пронаоѓање на ретки метали и други ресурси.
Енергијата ќе се произведува од разликата во температурата на морската вода на различни длабочини. Проектот ќе чини 20 милијарди евра.
Потребната технологија за него ќе биде развиена до 2030 година. Во проектот учествуваат неколку организации, меѓу кои Универзитетот на Токио и Јапонската агенција за морски науки и технологии.