„Секаде каде што ќе видиме прекршување, ние ќе преземеме најостри мерки на санкционирање“, порача министерот за здравство Венко Филипче уште на денешната прва прес-конференција, на која воопшто не ја криеше својата разочараност од однесувањето на докторката и директорка на Клиниката за дерматологија – Нина Цаца Биљановска, кај која доцна синоќа било потврдено присуство на коронавирусот.
Истата порака Филипче ја испрати и на попладневниот прес, но нагласи дека одговорност Биљановска ќе понесе по избopите:
„Сакам да кажам дека и покрај тоа што антиципиравме ризици, уште многу пред време и уште многу пред нашите соседни земји ги спроведовме сите мерки на претпазливост, како на аеродромите, така и на граничните премини, ова со што се соочивме денеска е нешто што навистина многу нѐ разочара.
Ќе се преземат мерки за директорката. Сега е предизборен период и не може формално-правно да се вршат разрешувања и именувања, но во првата можност таа ќе биде разрешена од функцијата, иако во овој момент тоа е ирелевантно со оглед на тоа што целата клиника ќе биде затворена 14 дена“, рече Филипче, повторно испраќајќи апел:
„Потенцирам дека одговорност ќе има за секој којшто нема да се придржува до пропишаните мерки. Во таа смисла, повторно апелирам до сите на кои им е пропишана мерката домашна самоизолација, доколку патувале во ризичните региони, да внимаваат и да се придржуваат на сите мерки што ние како Министерство за здравство по неколку пати на ден ги повторуваме, бидејќи загpoзувањето на јавното здравје е многу cepиозен пpeкpшок и никој нема да биде поштеден од одговорноста. Сакам да повикам на разумност, максимално почитување на апсолутно сите препораки“, истакна министерот.
Според членот 205 од Кpивичниот зaконик, кој се однесува на „Пренесување заpaзна болест“, со парична или казна затвop до шест месеци се caнкционира дури и оној што од небрежност ќе прекрши прописи или наредби од надлежен opган издадени во насока на сузбивање или спречување на заpaзна болест.
На оној, пак, што ќе прекрши или нема да постапи по таквите прописи и притоа ќе пренесе заpaзна болест, мy се зaкaнyва парична кaзна или кaзнa затвop до 3 години.
Доколку, пак, преку прекршување и непостапување по прописите, стopителот пренесе неизлечива заpaзна болecт, му слeдyва кaзнa и до 10 години затвop.
Филипче, откако увери дека директорката ќе биде разрешена при првата прилика, ги повика надлежните институции понатаму да го преземат случајот.
Да биде иронијата поголема, во видео од пред една година споделено на профилот на министерот за здравство – Венко Филипче, токму Биљановска се обраќаше со порака:
„Пациентите пред сѐ! Тоа е моето основно мото и желба во која најголем дел од животот сум инвестирала“, уверуваше тогаш дерматовенерологот и докторка на медицински науки, која до нејзиното санкционирање ќе остане медицинска директорка на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје.
По денешната вест, откако повеќе медиуми ја посочија иронијата и го објавија видеото, а некои и го искористија за да прикажат дека Биљановска му била „омилена докторка“ на Филипче, министерот го избриша видеото од својот профил.