Егзоскелетите можат да им помогнат на луѓето на разни начини, а компанијата „Noonee“ дојде до уште една племенита идеја. Тие сакаат да ја искористат оваа технологија за да направат мобилна “столица за стоење“ што ќе им овозможи на фабричките работници да одморат каде и да се наоѓаат, па дури и додека работат.
Компанијата дизајнираше ефтин егзоскелет кој се поставува на нозете. Со притискање на копче се прилагодува на седечка позиција. Кога не е активиран, егзоскелетот ви овозможува слободно да се движите, а дури и тогаш служи како потпора на телото, преземајќи дел од товарот на ‘рбетот и нозете. Направата е изработена од алуминиум и карбонски влакна и тежи најмногу до 2 килограми.
Работниците на фабричка лента, на пример, како и сите други чија работа вклучува повеќечасовно стоење, најчесто страдаат од замор, повреди и болести на мускулите. Егзоскелетот на „Noone“ би требало да го реши овој проблем, што ќе доведе до помали здраствени трошоци за работодавачите, и секако, за подобро здравје на работниците.
Уредот е сеуште во фаза на прототип, но Си-Ен-Ен пренесува дека веќе од септември, Ауди и БМВ планираат да ги израдувааат своите вработени.
Можностите на технологијата се огромни. Многу возможно е во блиска иднина да биде имплементирана во најразлични сфери од секојдневниот живот, а некои предвидуваат и дека ќе се најде во градските автобуси, што ќе значи крај на „немањето слободно седиште“.