Ќе му се одмазди ли Ливерпул на Мурињо?

Најновите вести на островот велат дека Мурињо сепак ќе добие уште една шанса да го задржи тренерското место во лондонски Челзи.

Сигурно добро помните дека пред две години екипата на Ливерпул беше најблиску до долго посакуваниот трофеј – Премиер лигата.

Ливерпул, на неколку кола пред крајот на првенството играше на домашен терен против Челзи на кој ама баш ништо не му значеше тој меч.

Тогаш Мурињо, малку и неочекувано се одлучи за нешто поповлечена тактика. Ливерпул напаѓаше во текот на целото прво полувреме, кога на 30 секунди пред крајот на полувремето Џерард се сопна и топката заврши во нозете на Демба Ба, кој рутинирано реализираше за 0-1.

Идентичен тек имаше и завршницата (94 минута) кога целиот тим на Ливерпул безнадежно напаѓаше и со контрата на Торес-Вилијан, Челзи запечати на 0-2.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Мало потсетување на реакцијата на Мурињо по постигнувањето на вториот гол на Челзи, и изразот на лицето на Стивен Џерард.

Дали на 31 Октомври Ливерпул ќе му се одмазди на Мурињо, кој во моментов е најзасегнатиот од тој натпревар.

- Реклама -