Ќе има нов Предатор!

pide90n0psa6euojt1uw[1]

Години откако се бореше со Шварценегер, Осми патници и Дени Гловер, се крчка нов „Предатор“ филм. Не сте чуле затоа што никој не зборуваше за тоа, освен неколку инсајдерски записи. Ама вчера, на Фејсбук беше објавена нова слика, која по сé изгледа ќе го поплочи патот за нова најава.

Фразата „Никогаш не знаеш од каде ќе се појави“ испишана на сликата алудира на парче дијалог од оригиналниот „Предатор“ со Шварци, од 1987, што значи дека нé очекува филм во ист стил (читај: добар).

btfszixdtcvy7acra80u[1]

Новиот филм е пишуван од Шејн Блек и Фред Декар, кои имаат прилично добра работна историја. Шејн Блек имаше една од споредните улоги покрај Шварци, а учествуваше и во сценариото. Плус, тој е човекот што ги напиша Lethal Weapon, The Last Boy Scout и поново – Kiss Kiss Bang Bang. Згора на тоа, го режираше Iron Man 3. Декар е познат како режисер на Night of the Creeps, The Monster Squad (вториов е пишуван во соработка со Шејн Блек) и „Робокап 3“.

Прочитајте и:  „Култиватор филм“ во Кино Карпош

Последното што чувме беше дека двајцата го предале сценариото за новиот Предатор пред неколку месеци. Сега, оваа слика јасно означува дека ќе има некоја нова информација за многу брзо време, и тоа добра вест.

- Реклама -