Директорот на Фондот за иновации и технолошки развок, преку кој се доделени грантови кои јавноста ги смета за несоодветни, по реакциите, повика сите фирми кои аплицирале да се изјаснат дали во нивната сопственичка структура има удел некој државен функционер.
„Ги повикувам сите 79 компании од првиот инвестициски бран, во рок од 15 дена да достават изјава во којашто ќе се изјаснат дали имаат во својата сопственичка структура лице коешто е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство. Фондот за иновации не е истражна агенција, сопственичката структура не е критериум за одлучувањето, меѓутоа во интерес на транспарентноста и кредибилитетот на целиот процес, ги повикувам сите компании самите да се декларираат дали имаат некој кој е носител на јавна функција. За оние компании коишто ќе го декларираат тоа, како директор на Фондот, согласно насоките што ги добивме од премиерот, ќе побарам од Комитетот за одобрување инвестиции, кој е независно тела повторно да ги разгледа апликациите и да проверат дали апликантот ги исполнува критериумите“, изјави Деспотовски на денешната прес конференција Јован.
Тој верува и ветува дека во иднина ќе има појасни критериуми за аплицирање за финансиска подршка од овој фонд. Исто така, се уште има време нештата да се менуваат, бидејќи ниту една од фирмите добитници на грантови нема добиено ниту денар од ФИТР.