Ќе ги видиме Пикасо, Ворхол, Лихтенштајн

Организаторите не откриваат детали за изложбите, се знае дека поставката на Пикасо ќе вклучува графики.

Pablo-Picassos-First-Drawing-art

Изложба на графики од Пабло Пикасо и изложба на американскиот поп-арт, која ќе вклучува дела на култните претставници на овој уметнички правец, Енди Ворхол и Рој Лихтенштајн, ќе бидат поставени во галеријата на Младинскиот културен центар годинава. Овие изложби се поддржани во Програмата за култура за оваа година. Од МКЦ ја потврдуваат информацијата, но сѐ уште не откриваат детали за концептот на поставките.
– Добивме поддршка од Министерството за култура, но сѐ уште не сакаме да откриваме детали за изложбите – вели Златко Стевковски, директор на МКЦ.
Во Министерството за култура најавуваат прес-конференција наредниот месец, на која ќе ги објават сите информации за двете изложби.

Од МКЦ велат дека изложбата на Пикасо ќе вклучува негови графики. Изложба на Пикасо пред три години организираше галеријата „Остен“, на која беа изложени 66 дела (цртежи, графики и керамика). Тогаш, всушност, македонската јавност првпат дозна дека галеријата „Остен“ поседува толку голема збирка од Пикасо, која поради безбедносни причини се чувала во тајност. Целата збирка, во сопственост на светската галерија „Остен“, првпат во историјата беше изложена пред три години во Остеновата галерија, по повод одбележувањето на Денот на Европа, 9 Мај. Многумина знаат дека Музејот на современата уметност поседува една слика од Пикасо – познатата „Глава на жена“, која ја испратил сликарот лично, кој во тоа време многу се соживеал со скопската трагедија од земјотресот и веднаш се вклучил во солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој се огласил меѓу првите уметници.

Целиот текст прочитајте го на веб страната на Нова Македонија

- Реклама -