ЌЕ БИДАТ СОСЛУШАНИ И ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ

Истрагата за „Рекет“ има уште најмалку два дела, од кои едниот е за невладината организација Меѓународен сојуз на првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, за уцена и изнуда на бизнисмени, и за тој дел шефицата на Обвинителствто за организиран криминал која го води случајот Вилма Рускоска досега нема изнесено детали.

Неофицијално, се сослушуваат бизнисмени, досега има изјави од неколку оштетени од Боки 13 и неговиот Сојуз, меѓу кои е и Ардијан Амзоски, оштетен со уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски.

Овој дел нема врска со Специјалната обвинителка Катица Јанева, која како третоосомничена во „Рекет“ вчера доби 30 дена притвор, велат во Обвинителството. Планирано е неколку високи функционери од СДСМ да бидат повикани на сослушување со засега непознат статус. Сојузот на Боки 13 има потпишано меморандуми за соработка за обезбедување на плацови за изградба на старски домови со повеќе градоначалници од владејачката паартија, како и со Министерството за транспорт и врски. Во преговорите со некои градоначалници помагале и високи партиски и државни функционери, но тоа, според извори од партијата не е криминал бидејќи ниту една обврска од меморандумите не била исполнета. Тие биле само помагачи да се оствари тоа што според програмата на Меѓународниот сојуз била хумана идеја, а градењето на старски домови и јавно приватното партнерство не е нешто што е спротивно на предизборната програма на СДСМ за локалните избори во 2017 година.

Управата за јавни приходи (УЈП) од петок ќе ги проверува фирмите поврзани со Боки 13 и неговата невладина организација Меѓународен сојуз. Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера кажа дека покрај за фирмата „БЈМ Медиа груп“, телевизијата „1ТВ“ и Меѓународниот сојуз, ќе издадат налог за проверка и на физичките лица кои примале пари од таму.

Целата статија ТУКА

- Реклама -