Возењето низ Лондон, како најзагаден град во Европа, наскоро ќе биде обременето со уште едно правило…
Со цел намалување на загадувањето, посебно во централното градско подрачје и за време на сообраќајните метежи, лондонскиот градоначалник Борис Џонсон има намера да протурка уште една иницијатива – да се забрани работата на возилата во место. Тоа практично би значело дека секој што ќе остави подолго време да работи моторот на возилото кога тоа стои, ќе плати казна од 80 фунти.
Иако терминот „подолго време” е доста флексибилен за толкување, анализите кажуваат дека ако сите возачи во централен Лондон го исклучуваат моторот кога возилото стои подолго од една минута, годишно би се испуштиле во атмосферата 100 милиони килограми CO₂ помалку.
Објавено во соработка со Авто Плус.